Архангел е македонска рок група основана на 18 октомври 1987 година. Основач на групата е Ристо Вртев, првиот вокалист на групата Мизар и поранешен член на Инола Икс. Во текот на својата кариера, рок бендот Архангел има издадено четири албуми, и се смета
Leer más
Архангел е македонска рок група основана на 18 октомври 1987 година. Основач на групата е Ристо Вртев, првиот вокалист на групата Мизар и поранешен член на Инола Икс. Во текот на својата кариера, рок бендот Архангел има издадено четири албуми, и се смета за една од најдобрите групи во Македонија во деведесетите години на минатиот век. Архангел многу често била поврзувана со стилот на музиката на НСК(герм. Neue Slowenische Kunst) Овој бенд, своето име го добила по митскиот бог на христијаните, Архангел, кој се смета за врховен бог на ангелите во христијанската хиерархија веднаш под Бог. Уште во 1980. година, доста пред формирање на групата, Ристо Вртев ја компонираше песната Архангел со која ги даде основните обележја на својот иден авторски израз. Подоцна Вртев членуваше и правеше песни за Мизар - Прво откровение додека сеуште беа свртени кон почиста рокенрол форма. Архангел, каков денес го знаеме, се формира во јануари 1989. година во состав: Ристо Вртев (гитара, вокал, автор на музики и текстови), Драган Гиновски (гитара), Дејан Аргировски (бас) и Зоран Цветковски (тапани). Истата година настапуваат на YURM во Загреб и на Младинскиот фестивал во Суботица, на кој стигнуваат до финалето. Нивната композиција Архангел 80-89 е дел од компилацискиот албум на Суботичкиот фестивал. Во 1990. година свират во Чехословачка. Деби ЛП плочата Архангел објавена е во март 1991. година во Белград, благодарејќи му на Флавио Ригонат, сопственикот на издавачката куќа Хаос која до тогаш издаваше книги и американски андерграундн стрипови. Покрај Вртев и Гиновски, на плочата работеа и басистот Петар Јанков (бивш член на ДДТ) и тапанарот Димитар Димовски (екс - Цилиндар). Во декември 1992. година Архангел настапува на УНИЦЕФ-овиот концерт во Суботица. Наредниот албум, Архангел 2, објавен е за Музичката и касетна продукција на МРТВ, во јуни 1993. година. Истиот материјал, под името Дно лиценцно го објави фирмата Take it or leave it 1994. година, во Белград каде групата и го промовираше албумот на фестивалот Брзи бендови Србије. Истата година групата добива награда за најдобар албум, најдобар концерт, песна на годината, а Вртев и признание за најдобар текстописец. Снимката од унплуггед настапот на групата ја представува Македонската Телевизија на ТВ фестивалот во Софија, Бугарија, а во септември 1994. година свират на ЕБУ роцк фестивалот во Љубљана, Словенија. Во ноември 1994. година Архангел настапуваше на Деновите на македонската култура во Данска, за да наредната година, 1995., на Т-фестивалот во Скопје, застанат на иста сцена со бендовите Prodigy, Dog Eat Dog, Renegade Soundwave и други. Во ноември 1995. година настапиа во белградскиот Битеф театар, а во февруари 1996. година на ФИАТ рок фестивалот во Подгорица. Во меѓувреме ја снимиа обработката на песната Never Talking To You Again на групата Хускер Ду, која му ја посветиа на починатиот басист Дејан Аргировски - Ушко. По речиси петгодишна пауза, во 1998. година за дискографската куќа Трето уво го објавуваат третиот албум Хеарт Цоре (Срцевина), на кој се наоѓаат десет љубовни, осаменички, чувствителни и политички теми. Веднаш, над сите се издигнува Ибермакедонише, за чиј спот се користени кадрите од филмот Збогум на ХХ век, на авторскиот двоец Дарко Митревски - Александар Поповски, за кој, пак, музиката ја сработија Вртев & СО. Пред преполната Прва хала на скопско сајмиште овој материјал беше спектакуларно промовиран, а според слободните проценки на тој 12. декември на концертот присуствуваа безмалку 10.000 посетители. Две години подоцна, новооформената издавачка куќа Литиум рекордс од досегашните издавачи на Архангел ги откупува правата за издавање на цеде формат на старите песни, и истите се појавуваат во продажба во почетокот на ноември 2000 година, во луксузна дигипак обвивка. Иако беше најавуван многу одамна, судбината сакаше четвртиот албум на Архангел, Небесна машина, светлината на денот да ја здогледа дури по пет години по извонредниот Heart Core. Дискографија Архангел (Хаос 1991.) Архангел 2 (МКП-МРТВ 1993.) Heart Core (Third Ear 1998.) Небесна машина (2003)